Бизарно но вистинито
22. March 2017 - 9:31

Мислела дека се здебелува, а во неа растело чудо од 30 килограми: Лекарите останале во шок кога ја отвориле!

Дваесетичетири годишна девојка од Мексико на стомакот имала тумор тежок колку десет новородени бебиња, со дијаметар од половина метар и обем од 157 сантиметри.

Туморот ги притискал нејзините внатрешни органи и се стравувало дека би можела да добие срцев удар. Таа тогаш имала проблеми со дишењето, одење и јадење, пишува Дејли Меил.

Џиновската циста и била отстранета во локалната болница во Мексико, а снимките всушност покажале дека туморот е циста на јајникот која најверојатно многу пораснала во период од 11 месеци.

Несреќната девојка на почетокот мислела дека се здебелува, иако била на диета, а потоа откриле што е причината за нејзиното зголемување во стомакот.

Докторите уверуваат дека ова е најголемата циста која е отстранета без предходно дренирање.

Шест месеци по операцијата, дваесетичетиригодишната девојка, чие име не е откриено, се враќа во нормален живот и повторно може да оди.

Погледнете го видеото: