Живот
23. May 2016 - 18:16

Мислела дека се омажила за љубовта на својот живот, а на медениот месец ја дознала неговата мрачна тајна!

Јасмин Кулен од Сареја после неколку месеци се омажила за Џејсон Кулен, за кого мислела дека е фин и добар човек, полн со љубов.

Не знаела дека Џејсон бил две години во затвор поради педофилија. Кога излегол од затворот ја запознал Јасмин. Се венчале и отишле на меден месец кај нејзината баба.

Додека била надвор, бабата го отворила компјутерот на Џејсон и во него пронашла мноштво фотографии од деца кои биле злоупотребувани. Веднаш ја повикале полицијата и педофилот повторно бил приведен.

„Изгледаше како пристојно и шармантно момче и ден-денес не можам да поверувам дека е способен за такви работи. Сакав да верувам дека станува збор за грешка, но не беше така. Никогаш не сум ги поддржувала неговите постапки, но се до крајот се надевав дека станува збор за грешка“ – изјави несреќната жена.

Таа и понатаму не може да се ослободи од овој човек. Имено, Јасмин и Џејсон се уште не се разведени, бидејќи тој е постојано во бегство и никој не може да го пронајде, а документите за развод чекаат веќе со години….

„Се запознавме во 2010 година и само после неколку месеци ме запроси. Сега поминувам низ пекол, бидејќи не можам да се разведам од него“ – изјави Јасмин, која додаде дека ќе биде слободна кога и официјално ќе се разведе од педофилот.