-->
-->
Мислела дека е трудна, но по седум негативни тестови за бременост лекарите откриле...
-->
По иницијатива на докторот, Луис Брајант направила седум тестови за бременост, бидејќи имала симптоми кои укажувале на тоа. Но, тогаш се случила пресвртница, наместо радост, дознале дека таа има тумор.
Луис (25) имала тешки болки во долниот дел на стомакот, во грбот, а имала и гадење. Направила тест кој бил негативен, симптомите не престанувале па по иницијатива на својот сопруг посетила доктор. Меѓутоа и докторот и рекол да направи тест за бременост. После седум негативни тестови тие се уште не ја утврдиле лошата здравствена состојба.
Симптомите се влошувале, а докторите верувале дека девојката е бремена. Не можејќи да ги поднесе болките, Луис инсистирала на дополнителни анализи. Ултразвукот покажал дека таа има циста, а после биопсијата следувала и шокантната вистина, девојката боледувала од редок тумор.
Иако овој тумор е карактеристичен за млади девојки, Луис била редок случај или една во милион која боледува од овој вид на тумор.
Луис веднаш ја започнала терапијата, а откако била подготвена заминала на операција каде и била отстранета цистата од јајниците.
Операцијата траела 4 часа и успешно била завршена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција