Гинекологот го открил бенигниот тумор кога жената се обратила кај лекарите поради дебелината.
Имено, туморот го притискал нејзиниот дигестивен тракт, и поради големата маса и го отежнувал движењето поради што била принудена да користи инвалидска количка. Туморот исто така ги притискал крвните садови и ја загрозувал работата на срцето.
Тимот од 25 лекари ја подготвил сложената операција која траела цели 5 часа. Туморот е успешно отстранет, а жената по 2 недели е пуштена дома и според изјавите на лекарите целосно се опоравила.
Сега туморот е предмет на бројни студии.