Македонија
19. May 2018 - 11:57

Мислел дека ако скине страница од пасошот и залепи друга ќе помине, еве што му се случи

На граничниот премин Табановце вчера во 21:30 часот на излез од Македонија, при пасошка контрола откриено е дека патната исправа на Т.Р. (49) е фалсификувана односно намерно е оштетена една страница со тоа што бил залепен дел од друга патна исправа.

Лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка