Живот
15. March 2018 - 13:46

Мислат дека е девојка на нејзиниот син а има 50 години: Еве како изгледа на Сибир на -40 во бикини

Лиу Јелин Кин е поранешна библиотекарка која се занимава со фитнес, пливање и нуркање, и се ова можеби не би било интересно доколку Лиу нема 50 години! Но тука не е крајот, поради нејзиниот младолик изглед, луѓето често мислат дека е девојка на својот син кој има само 23 години.

Лиу неодамна, само во бикини позирала на заледеното Бајкалско езеро, иако температурата била околу -40 степени.

- Знам дека Бајкалското езеро е познато по синиот лед со воздушни меурчиња кои се заробени внатре и затоа одлучив да дојдам тука.

Исто така прифатила и предизвик пливање и нуркање под заледена површина, инаку на најстарото и најдлабокото езеро во светот.

Како што вели оваа "супер младолика мајка", животна цел и е да патува низ светот додека носи преубави бикини, без разлика на временските прилики.

Таа овој 1-ви март на Сибир го покажала своето завидно тело и тетовиран стомак и покрај силниот ветер.

Како што вели, за нејзе фотографиите во бикини, снимени во белата дивина на Сибир, претставува совршен начин да го покаже своето тело на едно од најубавите места на светот.

Лиу вели дека сака екстремни спортови и дека прифаќа предизвици во екстремни временски прилики, како и тоа дека повеќе сака да носи секси бикини.

- Тие се мојот оклоп. Со нив се чувствувам сигурно, здраво и младо.

Славата ја стекнала претходната година откако објавила свои фотографии на кинеската социјална мрежа Веибо. Тогаш изјавила дека и понатаму се чувствува како да има 15 години и дека луѓето често помислуваат дека таа е девојка на својот син.