Македонија
12. March 2019 - 10:49

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги презентира активностите за набљудување на претседателските избори

Шефот на Набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР, Корин Јонкер, денеска на прес-конференција ќе информира за формалното почнување на нејзините активности за следење на претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе врши мониторинг на изборите по покана од Министерството за надворешни работи.

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје дејствуваат одделно и независно, во согласност со своите мандати, наведуваат од Мисијата на ОДИХР.