Македонија
7. December 2022 - 8:09

Мисијата на ОБСЕ одбележува 30 години работа во Северна Македонија

– Мисијата на ОБСЕ во Скопје годинава ја одбележува 30-годишнината од својата континуирана работа и посветеност во корист на Северна Македонија и нејзините граѓани.

– За да ја одбележи оваа важна пресвртница, Мисијата денеска организира завршна манифестација, која ќе ја отворат новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, најавија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.