Мишел Платини приведен од француската полиција
Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини утринава е приведен оид полицијата во Нантер.
Како што пишуваат француските медиуми, Платини бил повикан во Антикорупциската канцеларија на судската полиција, која води истрага за финансиски поткуп при доделувањето на организацијата на Светското првенство во фудбал на Катар во 2022 година
Платини кој беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година, во 2015-тата беше суспендиран од фудбалски активности за нелегално добивање на два милиони швајцарски франци од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер во 2011 година.
Засега европската куќа на фудбалот останува без коментар, но затоа се огласи светската преку соопштение во кое се вели дека, ФИФА е целосно посветена на соработката со властите на која било земја во светот каде што се спроведуваат истраги во врска со фудбалските активности”.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар