Свет
26. July 2016 - 14:06

Мишел Обама: Јазикот на омраза не го одразува духот на САД

Американската прва дама, Мишел Обама и изрази силна подршка на Хилари Клинтон, како кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД и остро ја осуди реториката на републиканскиот кандидат, иако ниту еднаш не го спомена неговото име.

На Конвенцијата на американаките демократи, што се одржува во Филаделфија, Мишел Обама рече дека „јазикот на омраза не го одразува духот на САД„ и побара од Американците да го отфрлат.

- Немојте да се спуштите на тоа ниво, им порача првата дама на делегатите на Конвенцијата и на американските гласачи.

Во својот говор, Мишел Обама рече дека Хилари Клинтонн е вистинскиот кандидат за иден претседател на САД.

- Сакам мојот сопруг (Барак Обама) да биде наследен на претседателската функција од некој кој ја знае работата и кој кон тоа се однесува со сета сериозност, а тоа може да биде само Хилари Клинтон, порача Мишел Обама, потенцирајќи дека таа би можела да биде првата Американка претседател на САД.

Пред сопругата на актуелниот американски претседател, на делегатите им се обрати и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, остар противкандидат на Клинтон во трката за партиската номинација.

Сандерс овојпат и изрази поддршка на Хилари Клинтон за која рече дека „мора да биде претседател, за да не му се дозволи на Доналд Трамп да влезе во Белата куќа“ и побара од своите симпатизери да застанат зад кандидатурата на Клинтон.

Во текот на неговиот говор, некои негови приврзеници негодуваа при споменувањето на името на Клинтон, додека други држеа транспаренти со слика на затворена уста.

Доналд Трамп во свјот стил на Твитер напиша дека Сандерс и се продал на Клинтон, додека американските весници прашуваат дали сенаторот од Верминт, кој самиот ја распали атмосферата против кандидатурата на Хилари Клинтон, сега може да ги контролира оние кои го подржуваа.

На Конвенцијата, денеска ќе зборува поранешниот претседател Бил Клинтон, а утре со свои говори за подршка на Хилари ќе настапат, претседателот Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и потпретседатескиот кандидат Тим Кејн.

Во четврток, Челси Клинтон, ќерка на Хилари и Бил Клинтон, ќе ја промовира кандидатурата на својата мајка за претседател на САД.