Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Д-р Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од коронавирус од просекот во светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да избегне одговорност
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Нашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе
-
Арсовски: Заев спроведува демакедонизација преку Георгиевски и Бучковски
-
Гевгелискиот кризен штаб бара да се воведе полициски час на територијата на Општината
-
Филипче: Следната недела ќе одлучуваме дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки
-
Филипче: Тоа што со сигурност го знаеме е дека сите кинески вакцини ќе стигнат наеднаш
-
Кина може до јуни да произведе вакцини за 40 отсто од граѓаните