Македонија
5. October 2021 - 21:04

Мисајловски за власта: Си ги перат рацете за трагедијата во Тетово, кабелот им е крив

Кога почнавме со настанот не знам дали приметивте полициска кола бркаше некоја кола, тоа е секојдневието во Чаир. Но, вие сте храбри луѓе. Луѓе што сакаат да останат тука, луѓе што сакаат да го променат животот на подобро затоа ајде луѓе, ајде овој пат да победи Данела, овој пат да победи ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот митинг во Чаир.

Мисјаловски рече дека Данела е храбра жена со визија за Град Скопје.

Цело ВМРО стои позади Данела затоа што е храбра жена со визија , ретко е во политиката една жена да застане да го води градот и да стане првата жена градоначалник на Скопје. Ајде сами да ја создадеме новата иднина бидејќи вреди, вели Мисајловски.

Тој од Чаир им порача дека не им се плашат и покрај црната и негативна кампања која што ја водат.

Они ќе се служат со црна кампања, ќе навредуваат, прогонуваат, впрочем знаете сите поранешни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ требаше да бидат ставени на прогон, сите функционери . Но, од Чаир ќе порачам, не ви се плашиме.

Мисајловски, ја искоментира и денешната прес конференција на Зоран Заев, порачувајќи им дека не може за трагедијата каде што изгореа 14 живи луѓе во модуларната болница во Тетово, да се виновни кабелот и струјата, додавајќи дека одговорност мора да има.

Денес не можам а да не спомна за онаа голема трагедија во Тетово. Знаете што се случи, еден голем ужасен ден, каде штоп починаа 14 луѓе. Епа денеска коалицијата ДУИ-СДСМ си ги исчисти сите раце и кажаа дека они не се криви. Криви е кабелот и струјата. Криви се и мора да одговараат, а јас ви ветувам дека после 17ти октомври ќе одговараат за сето ова и нема да им се заборави. Пробуваа како да го скријат сето ова затоа што темата не е добра, да не е добра, но тоа е реалност. Се случи трагедија и мора да има одговорност, потенцираше Мисајловски.

Тој апелира до сите граѓани за да се казнат ДУИ и СДСМ треба да излезат масовно на изборите и својот глас да го дадат за Данела за Скопје и за сите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива.

И затоа сакам да го повикам секој еден граѓанин, за да има одговорност за сите оние злодела што ги направија, ве замолувам масовно да излезете да гласате за Данела за Скопје, да гласате за сите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласате за Алтернатива и Алијанса и да се случи нова иднина, повика Мисајловки.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ