Македонија
19. September 2018 - 21:57

Мисајловски: Власта да каже што за неа претставува успешен референдум

ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен, повторно е помеѓу граѓаните. Денеска имавме одлична можност тука во Чаир да разговараме со граѓаните, да имаме средба со општинскиот комитет и да размениме разни мислења.

Пред се да видиме што се оние актуелни политички теми и она што навистина го засегаат народот. Се разбира главна тема во Република Македонија е референдумот и оној штетен договор што оваа влада го потпиша, што ќе има рефлексија врз целиот народ.

Наша обврска е да го прашаме народот што мисли, да го кажеме нашиот став, а тоа е дека секој граѓанин треба сам да си се произнесе за ова прашање. Мора да ги прикажеме сите овие штетни детали што ги има во договорот, а ќе имаат секако рефлексија врз иднината на Република Македонија. Но најважно е да ги слушнеме одговорите од власта, да видиме кои се тие амандмани што ќе ги предложат за менување во Уставот и што ќе се менува во Уставот. А исто така треба да се довие и одговор, а тој одговор треба да биде брз, бидејќи кампањата тече, а одговор треба да добиеме, што за нив се подразбира дека е успешен референдум.

Треба одговор да дадат кон граѓаните кои се тие амандмани што ги спремаат, што ќе биде сменето во Уставот и секако што за нив претставува успешен референдум?

За жал оваа власт со секојдневни скандали, со секојдневни злодела го допре дното во Република Македонија. Никогаш не било во историјата на Република Македонија на економски план, на здравствен план и во сите ресори на олку ниско ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со граѓаните, ќе го слуша народот и таа навигација ќе му биде патот во иднината.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ