Бизнис
10. May 2016 - 19:52

Мисајловски направи увид на градежните работи на регионалниот пат Тетово - Чегране

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов со соработниците денеска извршија увид во градежните работи за целосна реконструкција на регионалниот пат Тетово – Брвеница - Чегране – Гостивар.

Активностите за обнова на овој патен правец започнаа минатата година.

-Вкупната должина на реконструираниот регионален пат Тетово преку Брвеница до Гостивар изнесува околу 16 километри а неговата вредност е 1,8 милиони евра.

Досега е завршено поставувањето на првиот слој асфалт и некаде веќе поставен е и втор слој така што очекувам дека во следните два до три месеци да заврши целосната реконструкција на овој патен правец.