Бизнис
20. јуни 2016 - 10:48

Мисајловски на состанок на министри од Западен Балкан

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски престојува во дводневна посета во Ротердам каде што учествува на состанокот на министри од Западен Балкан.

На состанокот „ТЕН – Т Коридори, регионално транспортно поврзување“, министерот Мисајловски ќе ги презентира инфраструктурните проекти што се реализираат на коридорите 8 и 10 во Република Македонија.