Бизнис
6. May 2018 - 20:15

Мисајловски ја прозива власта дека ветила изградба на 600 километри автопат

ВМРО ДПММЕ може да учи како се работи домаќински, единствениот нивен резултат во инфраструктурата беа провизиите

Криминалните тендери, договорените милиониски провизии и пропустите од стотици милиони евра, се единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата бепе симбол на корупција, криминал и неспсобност и токму поради таквата неспособност за 10 години владеење ВМРО-ДПМНЕ успеа да изгради само 10 километри автопат.
 
Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за транспорт и врски за само десет месец успеа да го постигне она што ВМРО-ДПМНЕ не успеваше да го направи ниту за десет години.
 
Наместо на лажен барок, споменици и плами, Владата предводена од СДСМ сериозно инвестира во развој на патната и комуналната инфраструктурата, процес што е во интерес на сите граѓани. Веќе е започнат сериозен циклус на инвестиции за реконструкција и изградба на 60 патни правци, инвестиции вредни околу 270 милиони евра, а во реализација е и 31 проект во комуналната инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводи, канализациски мрежи и пречистителни станици.
 
Наместо очајно да се обидува да манипулира, ВМРО ДПММЕ може да учи како домаќински се работи домаќински и како се прават патишта, водоводи, канализации.