Македонија
27. February 2019 - 16:27

Мировно образование за помалку насилство помеѓу младите

Во насока на намалување на насилството во училиштата и воопшто, градењето на култура на мир, детската амбасада Меѓаши го промовираше зборникот “Кон мировното образование”. Неговото издавање е дел од истоимената програма која се спроведува во повеќе училишта во Македонија.

Програмата “Мировно образование” во училиштата пропагира ненасилен начин на комуникација, а го опфаќа и поимот на социјална правда. Покрај тоа, остава и простор за рушење на стереотипите со кои се соочуваат младите.

Промовираниот Зборник содржи текстови, како и речник со клучни поими за мировното образование. Програмата во доголорочна перпектива има цел да стане составен дел од воспитно-образовниот систем во Македонија, за што доби и поддршка од Бирото за развој на образованието.