Македонија
26. December 2018 - 17:01

Мировниците преку видео врска се видоа со своите семејства

Преку видео конференциска врска, накратко, македонските мировници од мисиите во Авганистан, Либан и БИХ днеска имаа прилика да се видат со своите семејства и најблиски и да им ги честитаат престојните празници.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска  и на присутните семејставта им вети поддршка и помош од државата. За таа намена центрите за  транзиција, што веќе постојат во МО и во АРМ ќе бидат пренаменети во Центри за поддршка на семејствата на припадниците.

Генерал мајор Ѓурчиновски им одаде признание на мировниците за нивниот професионализам и резултатите,а на семејствата им порача дека армијата е со нив.

Бидете горди дека во овој историски момент кога Република Македонија е на прагот на НАТО вие ја имате таа улога моментално да бидете со нашите партнери од НАТО, порача Ѓурчиновски.

На децата на мировниците им беа поделени и пакетчиња, а тие пак  испратија пораки и желби до своите татковци.

Денеска во домот на АРМ се одржа и  брифинтгот на кој  генерал мајор Васко Ѓурчиновски му реферираше на претседателот и Врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов за состојбата со борбената готовност на АРМ во текот на годината. На брифингот присуствуваче и ресорната министерка.