Свет
3. February 2017 - 15:25

Миро Церар: Отворена е нова мигрантска рута преку Јадранот

Словенечкиот премиер Миро Церар предупреди денеска дека е отворена нова мигрантска рута преку Јадранското Море и полуостровот Истра. Тоа го изјави при пристигањето на неформалниот самит на ЕУ што се одржува на Малта.

Церар додал дека неговата држава ќе работи одлучно на затворање на таа рута како што веќе направила со западнобалканската рута.

– Мигрантите во последно време почнаа да се прелеваат кон Словенија преку медитеранската рута и Италија, изјави Церар.

– Она што е најважно, отворена е рута преку Јадранско Море до Истра. Тоа е нешто што се однесува и на нас, нагласи Церар.