Македонија
13. April 2016 - 23:37

Мирни и достоинствени протести на 15.000 граѓани против Заев и Верушевски

Одлучно и масовно народот излезе на улица. Млади и возрасни сите на исто место го изразија револтот против аболицијата и криминалиите на Заев, Црвенковски, Верушевски и останатите екс и актуелни припадници на СДСМ. Над 15 000 граѓани попладнево пред Собранието дадоа поддршка на протестот на ГДОМ како што велат  против аболицијата за криминалците.. За разлика од насилните демонстранти на сдсм и сорос, граѓаните кои излегоа на иницијатива на ГДОМ протестираа мирно и масовно и пратија апел од име на народот „Стоп за криминалиите на Заев и СДСМ“. „Од судот се спасивте од народот нема“ гласи еден од најголемите транспаренти на масовниот протест на граѓанското движење. Пред граѓаните се обратија и  познати лица претставници на интелектуалната и културна фела  во државата.

Во својот говор пред илјадниците граѓани потсетија на минатогодишните настани , кога Македонија беше соочена со најдиректната закана за нејзината безбедност кога вработени во државната безбедност контролирани од Заев и Верушевски ја подривале безбедноста со една единствена цел како што рекоа, да ја оцрнат Македонија и да ги урнисаат институциите.

По протестот пред Собранието илјадниците  граѓани се упатија кон седиштето на СДСМ каде го изразија својот револт од аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев.

ГДОМ ги повика граѓаните своето незадоволство ако треба да го изразуваат секојдневно на мирен и достоинствен начин, бидејќи како што рекоа нема да дозволат истите луѓе да направат повторно раздор во државата. Се заблагодарија до полицијаа која го обезбедуваше просторот и рекоа дека и тие се нвни сограѓани и  нема да го рушат кордонот како што тоа го прават оние кои не и мислат добро на државата.