Миркуловски разочаран: Можеби ваква шанса нема да имаме понатаму
Филип Миркуловски го пропушти дуелот со Шпанија, но вечерва против Чешка ги одигра речиси сите 60 минути и беше еден од најдобрите на теренот.
Тој смета дека недостигот на карактер за вакви важни натпревари беше пресуден за конечниот исход на натпреварот.
„Одигравме добар натпревар се до финишот. На крајот паднавме. Имавме неискусни грешки. Криво ни е. Имаме квалитет, имаме публика и имавме и среќа, но ни недостигаше карактер, а тоа е најважно за вакви првенства и вакви натпревари. Никако да го направиме тој важен исчекор. Утре ќе излеземе со Данска да играме. Штета, пропуштивме неверојатна шанса, можеби ваква шанса нема да имаме понатаму“, изјави Миркуловски по натпреварот.
Средниот бек имаше пофални зборови за младиот Мартин Велковски и го нарече „новиот“ Кире Лазаров.
„Честитки за Велковски. Против Шпанија дебитираше на Европските првенства и можеби одигра во грч. Денеска беше одличен и можеби ја најдовме замената за Кире Лазаров“, додаде Миркуловски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација