Живот
14. December 2015 - 18:02

Мирјана откри, еве што се случувало на забавата во куќата на Големиот Брат

После победата на Дарко не требаше да помине долго време за да се огласи најконтраверзната станарка, Мирјана Праизовиќ. Во видео снимено во нејзиниот дом таа откри дека е среќна што победи 27 годишниот Македонец, а потоа опиша како изгледала забавата после суперфиналето.
 
"Ни рекоа дека ќе одиме во куќата на Големиот Брат за да прославиме, таму имаше околу 300 гости, имаше екстра музика, DJ. Имаше многу алкохол, а имаше и сок затоа што јас не пијам алкохол и мислам дека јас бев единствена трезна од сите таму. Имаше и доста храна", започнува Мирјана.
 
Кога станува збор за поранешните станари, таа признава дека не успеала да види баш се.
 
"Ја видов Барбара како низ куќата го бара силиконот кој го донесов. Даре одеше низ куќата, најмногу плачеше затоа што беше среќен и беше со Тина. Тина не се одвојуваше од семејството Петковски, не знам поради што. Рада и Раде Васиќ и понатаму го држеа во рацете чекот кој Даре го освои, бидејќи веруваа и понатаму дека можат да победат. Ервин дојде со свои десетина пријатели, десет фини момци беа во негово друштво. Тие пиеја, се зезаа и славеа", раскажува Мира.
 
Таа откри дека Горан на забавата бил само 20-тина минути, а Мика и Гиба танцувале со неа.
 
"Тоа за Зорица беше еден фамилијарен собир, сода бикарбоната ја однесе дома со себе, дојде со комплетното семејство, за сите заедно да се напијат ракија. Јозефина колку што слушнав исчезна во акција, со кој, не знам ни јас", додава таа.
 
Останатите не ги гледала, а Големиот Брат можеби го запознала, а да не знае дека бил тој. На крајот откри дека прва си отишла, бидејќи не пиела, па не и се слушале муабетите на другите луѓе. 
 

O zurci

Posted by Mirjana praizovic vb on Sunday, 13 December 2015