Живот
6. February 2016 - 20:35

Мирјана и Зорица од Големиот брат ќе се тужат на суд

Најимпулсивната станарка од „Големиот брат“, Зорица Марковиќ, доби заканувачка порака од Мирјана која и се заканува со судска тужба.
 
Имено, неодамна Зорица распали на Фејсбук по Тина, Дарко, Барбара и Ервин кои ги нарече морален отпад и дно од луѓе, додека за Дарко искоментира дека и се гади од него.
 
Мирјана пак, откри дека ќе ја тужи Зорица поради стресот кој и го предизвикала во куќата.
 
– Одлучив да покренам тужба за менталниот терор кој ми го правеше за време на шоуто, изјавува Мирјана за српските медиуми.
 
Зорица не се растревожи многу поради изјавата на Мирјана, па кратко и порача:
 
– Ќе се видиме на суд, стои во објавата на Зорица.
 
Мирјана не се застана со најавата за тужба, па и напиша дека и нејзиниот сопруг Симо ги плаќал гласовите за Зорица да остане што подолго во шоуто.