Македонија
22. March 2017 - 21:35

Мирен протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Гевгелија

Жителите на Гевгелија и вечерва дадоа силна подршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со мирен протестен марш на кој категорично рекоа „не“ за двојазичноста, редефинирањето на државата и промената на нејзините национални симболи.

- 25 години Европа на перфиден начин сака да избрише еден народ удирајќи по името, јазикот и идентитетот. Изминатите две и пол години претрпевме големи искушенија борејќи се против големи напријатели како ЦИА, Сорос и внатрешните напријатели, но не можат да не уништат бидејќи сме како „пиреј“ што повеќе го корнеш тоа повеќе расте, рече историчарката Виолета Ачковска.

Доддаде дека овој пат народот ја зема судбината во свои раце борејќи се против туѓи платформи со идеи од 19 век за создавање трета албанска држава на Балканот.

Гевгеличани им порачаа на сите политичари дека се доста преговори на маса, бидејќи Македонија не сака да ја претворат во бегалски камп за Македонци и дека овој народ ќе го направи четвртиот Илинден за одбрана на својата држава.