Мирчеа Џоана избран за заменик на Столтенберг во НАТО
Романскиот политичар Мирчеа Џоана е назначен за нов заменик-генерален секретар на НАТО, се наведува во соопптението на Алијансата, што денеска беше лиферувано во Брисел.
-Се радувам што можам да го соопштам назначувањето на Мирчеа Џоана за следен заменик-генерален секретар. Тој е убеден приврзаник на трансатлантските врски и своето долгогодишно искуство на државен функционер и дипломат ќе го искористи на новата работа. Тој е првиот Романец кој зазема вака висока функција, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Во неговата изјава, исто така, се подвлекува дека Џоана ќе ја замени Роуз Готемилер, која беше заменик-генерален секретар од октомври 2016 година.
-Многу сум и благодарен на Роуз Готемилер. Нејзиното дипломатско искуство во областа на меѓународната безбедносна политика е непроценлива за НАТО, затоа што Алијансата продолжува да се адаптира на понепредвидливите безбедносни услови, додаде Столтенберг.
Мирчеа Џоана е основач и претседател на институтот Аспен во Романија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи