Минусни темпeрaтури во цела Македонија
Најниска температура, минус 14 степени Целзиусови, во Македонија во седум часот изутрина е измерена во Берово, а минус 13 во Битола и минус 12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје Петровец се измерени -11 степени, -10 во Тополчани, Прилеп, Куманово, Штип и Крива Паланка, - 9 Скопје и во Пожаране, -8 Охрид, Крушево, Демир Капија, Кавадарци и Струмица, -7 во Виница и Ѓуриште, -6 Претор, -5 Гевгелија и во Пожар и минус 3 во Дојран.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност прекуноќта облачноста ќе се зголемува. Температурата ќе достигне до 3 степени.
Во наредниот период ќе продлжи периодот на стабилно, суво и студено време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право