Македонија
29. January 2018 - 8:52

Минус шест во Берово, плус шест во Дојран

Ова утро кочан ладно, Македонија е окована во студ, а температурите се повторно под нула.

Најстудено било во Берово со минус шест, потоа Скопје Петровец со минус пет, Маврово, Тетово, Битола, Демир Капија минус четири, Струмица, Штип, Дебар минус три, Претор, Лазарополе, Прилеп, Охрид и Крива Паланка минус два, Скопје минус еден, нула во Гевгелија и Виница, еден во Пожаране и Крушево, два во Тополчани и Ѓуриште, до шест степени во Дојран. 

Снег има само во Пожаране со снежна покривка од четири сантиметри.