Минус 65 степени, а тие се бањаат: Во Сибир е вистинско студенило, но на туристите не им пречи | Сител Телевизија
Свет
16. January 2018 - 21:45

Минус 65 степени, а тие се бањаат: Во Сибир е вистинско студенило, но на туристите не им пречи

Ојмјакон, село сместено на околу илјада километри од Јакутск, е едно од најстудените населени мести на светот, а овие денови таму температурата падна на -65 степени.

Училиштата се затворени, а службите за вонредни ситуација во во приправна состојба. И покрај тоа, неколку кинески туристи решија да се избањаат и да се забавуваат на неверојатното студенило.

-Ние локалците, не излегуваме ни на улица по ова студено време, а туристите се бањаат, напиша еден мештанин на Инстаграм.

Не би било чудо уште оваа зима да падне рекордот измерен во 1933 година.

Тогаш во тоа село се измерени - 67, 7 °C, поради што оправдано ова место важи за едно од најстудените трајно населени места на светот.

Во местото се живее во склад со условите, па дури и туристи го посетуваат. Станува збор за температури од кои и трепките се ледат.