Бизнис
13. September 2016 - 19:47

Миноски: Владините политики даваат резултати, невработеноста постојано се намалува

Политиките на владата во делот на инвестициите и поттикнувањето на вработувањата во изминатиот период даваат резултати бидејќи стапката на невработеност се намали на историски најниско ниво, оцени министерот за финансии Миновски.

Државниот завод за статистика минатата недела објави дека невработеноста во вториот квартал е намалена на 24 проценти.

- Она што радува е и највисоката стапка на вработеност што покажува дека сите напори за привлекување странски инвестиции и напорите да се стимулираат инвестициите на домашниот сектор вродуваат со плод што во крајна линија значи пониска невработеност, изјави министерот за финансии.

Според статистиката, во вториот квартал лани бројот на вработени бил над 699 илјади додека во истиот период оваа година вработени биле над 720 илјади граѓани, што претставува пораст на стапката на вработеност за 3 проценти.

Некои од дејностите кои вработуваат најголем број луѓе се преработувачката индустрија во која работат близу 140 илјади, земјоделството со над 117 илјади, трговијата на големо и мало со 102 илјади, а во градежништвото има над 52 илјади работници.