Бизнис
30. May 2017 - 21:00

Миноски: Буџетот ликвиден, има средства за исплата на сите тековни обврски

Буџетската каса е ликвидна. Идниот  министер за финансии ќе наследи депозитна сметка со доволно пари и непотрошена еврообврзница. Во касата има доволно средства за нормално фукнционирање и за исплата на сите досепани обврски , рече  министерот за финансии Миновски. Редовно се врши исплата на сите доспеани налози. Се исплаќаат и субвенциите. До петокот префрлени се  32 милиони евра за оваа намена.

- Ланската година ја зваршивме успешноп, доказ за тоа е и направениот дефицит од 2,7 отсто. Тоа значи дека имаме заштеди и не се целосно потрошени парите од еврообврзницата. Тие пари се префрлаат за  годинава и можат да се трошат, рече Миновски.

Дали има потреба од издавање на нова еврообврзница Миновски потенцира дека за тоа ќе одлучува новата влада.

Очекува промена во даночната политика односно воведување на прогресивен данок, за што пред извесно време се изјасни и дел од експерската јавност. За поголеми профити да има поголеми  даноци. 

Миновски присуствуваше на финиширањњето на проектот, за усогласување на даночната легислатива со законодавствотот во Европа, финансисран од Европската унија.