Македонија
23. December 2017 - 11:58

Минофрлачка мина се појави во двор во кумановско Романовце

Вчера во 13,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, Н.А.(47) од с.Романовце, пријавил дека во дворот од неговата куќа при изведување градежни работи пронашол една минофрлачка мина калибар 82мм од Втора светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување- Куманово, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.