Македонија
13. April 2021 - 17:01

Минофрлачка граната пронајдена кај Кичево

Минофрлачка граната од 60 милиметри од непознато потекло е пронајдена денеска попладне над населбата Иванидол кај Кичево, потврдија од ПО на ДЗС Кичево, од каде пиротехничар излегол на самото место за да ја подигне гранатата.
 
– По пријавата од ОВР Кичево, дека над населба Иванидол, е пронајдена минофрлачка граната со калибар од 60 милиметри од непознато потекло, на самото место излезе пиротехничар од ПО на ДЗС Кичево со што убојното средство е преземено и ќе се чува на безбедна локација се до неговото целосно  уништување, рече Драгољуб Попоски од ПО на ДЗС Кичево.
 
Тој појасни дека потеклото на гранатата е непознато, бидејќи убојното средство е кородирано со експлозивно полнење кое е во функција, и доколку со истото се ракува неправилно, може да предизвика несакани последици по животот и здравјето на луѓето или материјална штета на околината.