Фудбал
19. January 2016 - 0:23

Мињоле уште пет сезони во дресот на Ливерпул

Голманот на премиерлигашот Ливерпул и белгиски репрезентативец Симон Мињоле потпиша нов пет годишен договор со Ливерпул и ќе остане во клубот со 2021 година. 
- Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од Ливерпул. Знам дека ова е нова одговорност. Сакам да бидам лидер и да и помногнам на одбраната, изјави за сајтот на клубот голманот.
Мињоле во Ливерпул дојде во 2013 годиуна од Сандерленд, а досега има играно на 122 натпревара.