Балкан
7. April 2016 - 20:16

Министрите за одбрана на Грција и Бугарија разговараа за бегалската криза

Министрите за одбрана на Бугарија и на Грција, Николај Ненчев и Панос Каменос, ја разгледаа денеска на средба во Атина бегалската криза и мигрансткиот прилив, соопшти за БТА прес-центарот на Министерството за одбрана.

- Проблемот со бегалците е на цела Европа и ние сметаме дека сите земји треба да се обединат за негово решение. Неопходно е да се дејствува солидарно и да се бараат механизми за помош на државите, кои се подложени на најсилен мигрантски притисок, рече Ненчев.

- Ја поддржуваме Грција во напорите да го контролира миграцискиот прилив, насочен кон и од нејзина територија, изјави Ненчев.

За време на разговорите меѓу делегациите беше договорено остварување трилатерална средба на министрите за одбрана на Бугарија, Грција и Романија со цел изградба на единствена платформа за заштита на регионот.нд/16:51