Министрите за одбрана на Грција и Бугарија разговараа за бегалската криза
Министрите за одбрана на Бугарија и на Грција, Николај Ненчев и Панос Каменос, ја разгледаа денеска на средба во Атина бегалската криза и мигрансткиот прилив, соопшти за БТА прес-центарот на Министерството за одбрана.
- Проблемот со бегалците е на цела Европа и ние сметаме дека сите земји треба да се обединат за негово решение. Неопходно е да се дејствува солидарно и да се бараат механизми за помош на државите, кои се подложени на најсилен мигрантски притисок, рече Ненчев.
- Ја поддржуваме Грција во напорите да го контролира миграцискиот прилив, насочен кон и од нејзина територија, изјави Ненчев.
За време на разговорите меѓу делегациите беше договорено остварување трилатерална средба на министрите за одбрана на Бугарија, Грција и Романија со цел изградба на единствена платформа за заштита на регионот.нд/16:51
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО