Македонија
1. August 2023 - 16:35

Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките

Благосостојбата на граѓаните, европската иднина на државата, членството во НАТО, стратешките односи со САД, но и условот на ВМРО-ДПМНЕ за влада без ДУИ за да ги гласа уставните измени се причините кои владините функцинери на ДУИ денеска ги навеле во своите најавени оставки до премиерот Ковачевски.  

 „Имајќи го предвид непристојниот услов на опозицијата да ги гласа уставните измени во Собранието, свесни за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, почитуван премиере, Ви ја поднесувам мојата оставка од позицијата ...која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените уставни измени во Собранието и истите ќе стапат во сила“, пишува во оставките на функцинерите на ДУИ.

Во меѓувреме, и собранискиот спикер Џафери вели дека ќе ја следи партиската одлука за повлекување од власта во име на евроинтеграциите.

Дополнително, ДУИ веќе објави дека се откажува и од техничка влада, како и од премиер Албанец во последните 100 дена, за веднаш по евентуалните уставни измени да се оди на избори.

Коалициската СДСМ и денеска со барање до Мицкоски да ги прифати промените во Уставот бидејќи биле исполнети сите услови што ги побарал на лидерската средба во мај. За ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека ДУИ нуди оставки се уште фирми блиски до нејзе добиваат тендери.

Уставот и Деловникот не познааваат условена оставка. Според челеновите 219 и 220 од Деловникот министрите доставуваат оставки до претседателот на Собранието, преку премиерот. Собранискиот спикер е должен веднаш ги извести пратениците и ги става оставките на констатирање на првата наредна седница. Првата седница за уставни измени, пак е закажана за 18 август, но власта веќе најави дека по завршувањето на расправата опција е  гласањето да се одложи или да не се случи доколку нема сигурни 80 гласа. Засега 2/3 мнозинство во парламентот нема.