Балкан
20. July 2018 - 15:52

Министри од регионот в среда ќе ја разгледаат одуката на Приштина за заштитна царина на овошје и зеленчук

- Министрите задолжени за трговија, земјоделие и економија од четири држави од Балканот, ќе имаат в среда во Белград состанок на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација откако Приштина воведе „заштитни мерки“ за увоз на одделни видови овошје, зеленчук и пченка.

Домаќин на состанокот ќе биде српскиот министер Расим Љајиќ, јави Танјуг.

На состанокот ќе присуствуваат  македонскиот министер за земјоделие Љупчо Николовски, црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ и министерот за трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ.

Се очекува заеднички став за новата одлука на Приштина која од пред два дена почна да се применува како - заштитна царина од 30 отсто на увоз на оделни видови овошје и зеленчук како и пченка.  

Љајиќ вчера рече дека ќе бара итен состанок со ресорните министри на БиХ и на Македонија како и итна седница на ЦЕФТА по повод одлуката на Приштина. Со таа одлука според него, директно е прекршен договорот на ЦЕФТА. Од Приштина соопштија дека од пред два дена применуваат заштитна царина од 30 отсто на увоз на одделни видови овошје и зеленчук и пченка за „сите трговски партнери“.