Македонија
25. December 2020 - 14:01

Министерството за животна средина не знае колку диви депонии има во земјава

Министерството за животна средина не знае колку диви депонии има во земјава. Министерот Насер Нуредини вели дека со 6 законски измени за кои зелено светло треба да дадат пратениците ќе се регулира отпадот. Податоци нема ниту за тоа каде се се фрла ѓубре и се гори во околината на Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека борбата со дивите депонии продолжува. По тој повод почна расчистувањето на сметот во Визбегово, проблем стар 30години.

 

Елена Милошевска