Македонија
7. November 2018 - 16:46

Министерството за здравство подготвува нов тендер за лабораториски реагенси

Филипче не се откажува од 35 милионскиот тендер за набавка на лабораториски реагенси за крвни анализи. Министерот за здравство не кажува кога ќе биде распишан нов јавен оглас, но потврди дека ќе ги земат во предвид забелешките од комисијата за јавни набавки за пропустите од претходниот тендер.

- Серизоно ги разгледуваме забелешките и ја подготвуваме тендерската постапка која треба да следи. Мотивите се исти да се направи заштеда од 10-15 проценти. Доколку се покаже проектот дека нема да ни донесе бенефит кој го очекуваме нема да продолжиме, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

По бурните реакции и сомнежи во јавноста како и по забелешките од комисијата за јавни набавки претходниот тендер беше поништен во август. Конкурираше само една фирма, а надлежните тврдеа дека нема комплетна документација. За овој случај предистражна постапка отвори и јавното обвинителство.

- Не би сакал да ја коментирам предистражната постапка, додаде Филипче.

Инаку освен за детска кардиохирургија, мнистерот најави дека размислуваат за јавно приватно паретнерство и за Ин витро, Брза Помош и други специјалности. Но, претходно ќе правеле физибилити студии за да може да се искористи инфраструктурата на приватните болници во земјава.

Александар Динев Сител телевизија