Македонија
30. January 2016 - 17:19

Министерството за здравство набави нова најсовремена медицинска опрема над 45 милиони денари

Намалување на компликациите од хируршките интервенции. Ова е бенефитот од новата опрема на ТОАРИЛУЦ. Современите апарати кои вредат околу 14 милиони денари се сместени во хирушките сали и се од голема помош за  трауматолозите и ортопедите.  Од голема важност за хирурзите е неуромониторингот кој го користат за намалување на ризикот од оштетување на рбетниот мозок.

- Опремата се користи и од страна на нашите лекари и од лекари од странство кои што доаѓаат и заедно работат со нашите доктори. Претежно се тоа доктори од Турција и Словенија. Се работат исклучително сложени и скапи процедури, а посебно значајно е новиот апарат за неуромониторинг со кој се овозможува превенција и се оневозможуваат повреди на рбетниот мозок за време на операција и со тоа се намалува можноста за компликација и серизони лекарски грешки, изјави Никола Тодоров, министер за здравство

Директорот на Клиника вели дека ова не е единствена инвестиција во установата. Министерството за здравство претходно инвестираше уште 30 милиони денари во апарати и реновирање на хируршките сали.

- Со комплетирање на спиналниот центар и со новата опрема бројот на пациенти што се третираат е значително зголемен.  Минатата година бројката е зголемена на 121 интервенција. Се третираат пациенти со проблематика од спинална хирургија, како фрактури и траума на рбетен столб, дегенеративни промени и деформитети и други болести изјави Реџеп Селмани, директор на ТОАРИЛУЦ

ТОАРИЛУЦ за оваа година има за 50 милиони денари поголем буџет. Тоа ќе овозможи подобро функционирање на клиниката од финансиски аспект и можност за воведување на нови методи.