Македонија
23. March 2016 - 19:46

Министерството за култура откупи три драмски текста

Три нови драмски текстови годинава ќе бидат откупени од страна на Министерството за култура, кое на авторите ќе им додели надомест од по 100.000 денари. Интересот на драматурзите за оваа стимулативна мерка која се спроведува втора година по ред е огромен. Во изминативе шест месеци во Министерството пристигнале 39 апликации, од кои стручната комисија ги издвоила најдобрите три.

Според министерката Елизабета Канческа-Милевска, откупот на драмски текстови е особено значаен за збогатување на домашното творештво со квалитетни дела. Во таа насока во изминативе години се реализираа низа мерки, а буџетот за драмска дејност е зголемен за 10 милиони денари.

Првиот конкурс за откуп на драмски текстови беше објавен лани. Трите најдобри дела беа промовирани на 50-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.