Македонија
18. јуни 2019 - 21:41

Министерството за финасии ќе потпишува меморандум со SECO и IFC

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од потпишување на меморандум за разбирање помеѓу Министерството за финансии, Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), и го задолжи министерот за финансии Драган Тевдовски да го потпише меморандумот со SECO и IFC.

Меморандумот, информираат од владината прес-служба, кој ќе биде потпишан за време на годишните средби на Холандската конституенца на Групацијата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд на 21 јуни годинава, има за цел развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. Овој проект е значаен регионален проект чија цел е подобрување на конкурентноста на фирмите во процесите на креирање на додадената вредност во лесната индустрија (синџир на добавувачи) во земјите во Југоисточна Европа, како и поттикнување и зајакнување на нивното вклучување во синџир на добавувачи на Еврозоната и регионот.

-Овој проект се очекува да придонесе за економски раст и да го поттикне отвороњето на работни места во регионот на Југоисточна Европа преку обезбедување на поконкурентни, интегрирани и производи со поголема додадена вредност на домашните компании, велат од Владата.