Бизнис
18. January 2019 - 20:29

Министерството за финансии вработува медицинска сестра, дефектолог, педагог

Виша медицинска сестра, дефектолог, педагог вработува министертвото за финансии. Иако се чини невообичаено во оваа институција да се вработи ваков тип на кадар од таму велат министертвото има таква потреба.

„Конкретното работно место е предвидено за детската градинка во рамки на министерството. Градинката е формирана согласно „Законот за заштита на децата“ , работните места се регулирани и во Законот и во „Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност на установите за деца“. Во истиот е наведена потребата од ангажирање на медицинско лице, како стручен соработник во градинките. Во правилникот е наведено дека за градинките со мал капацитет овие соработници е предвидено да работат со половина работно време, односно 20 часа неделно, како што е предвидено во огласот.“се вели во допсиот од финансии.

Од  таму посочуваат дека  и дефектологот и педагогог се за потребите на градинката.

На  истиот оглас се бараат и советници, помлади соработници и други профили. Според огласот на министерството ќе работат на определено време за период од пет години.

Платата во зависност од работното место се движи од 8588 денари до 25. 023 денари,

Од почетокот на годинава многу од државните инситуции вработуваат нови кадара.

За целата адмнистрација да почне да работи поефикасно експертите веќе  посочија дека е неопходно таа да се намали, па потоа да се бараат резултати.

Од нов кадар потреба имаа и во Царинската управа,  ДИК, УХМР, Министертво за правда за надворешни, Државен архив, агенција за вработување.