Бизнис
30. May 2021 - 16:47

Министерството за економија и ДПИ во засилена контрола на квалитетот на горивата

Почнуваат засилени контроли на квалитетот на горивата во земјава со државната мобилна лабораторија која веќе две години не се користела. Целта е да се заштитат потрошувачите  од можни манипулации но и  да се заштити животната средина, вели министерот за економија Бектеши. Проверките направени на терен покажале нерегуларности при увозот на  мазут во земјава, но целосниот извештај ќе биде презентиран за два дена.

Од ДПИ информираат дека само денес се извршени 3 вонредни инспекциски надзори на бензинските станици, и најавуваат дека овие надзори ќе  продолжат и во иднина.

Увозот на горива со лош квалитет во земјава и нивната употреба се посочува и како една од главните причини за загаденоста на воздухот.