Бизнис
10. August 2018 - 9:31

Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“

Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“, со кој Фондацијата „Тиквешки вински пат“, аплицираше за поддршка преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година. 

- Во рамките на проектот ќе бидат организирани работилници и обуки и ќе биде изработен промотивен материјал. Ќе се направи и промоција на овој проект на еден од саемите во странство, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, информираше денеска за МИА, Виолета Јанкова, извршен директор на Фондацијата. 

Проектот ќе се реализира од втората половина од септември.