Македонија
13. July 2016 - 16:27

Министерството денеска објави нов конкурс за идни пилоти, СДСМ обвини дека се намалува буџетот за одбраната

Нов конкурс за идни армиски пилоти на воената академија Генерал Михаило Апостолски . Сите млади лица до 27 години кои ги исполнуваат критериумите и се мотивирани да бидат дел од воздухопловните сили на АРМ можат да се пријават до  20 јануари следната година. Лицата кои претходно завршиле  прв циклус на студии за потребите на армијата и министерството, ќе добијат стручно оспособување и усовршување за родот авијација .

За да се пријават на конкурост кандидатите треба да бидат државјани на РМ, да стекнале најмалку 180 кредити според ЕКТС, да психофизички способни, да не им е изречена забрана за вршење на дејност, должност или професија, да ги исполнуваат безбедносните критериуми за класифицирани информации. Може да се пријават и кандидати кои додипломските студии ги завршиле во странство.

Идните пилоти ќе бидат обучувани од  високи професионалци од Израел и Македонија. На академијата ќе  бидат примени само 8 кандидати кои ќе учат 18 месеци. По завршувањето кандидатите ќе бидат примени на служба во Армијата.

Во меѓувреме СДСМ пак обвини дека со новиот ребаланс на буџетот власта скратила пари предвидени за одбраната.

Од 2006 до денеска власта на Груевски во континуитет ги крати средствата за одбраната со што го намалува одбранбениот капацитет на земјава. „Условите за работа на припадниците на АРМ ги доведе на дното, под секое човечко достоинство. Каде се помпезно најавените инвестиции во модернизација на одбраната од 300 милјони евра? Ги нема.

Димитриевски додава, дека по победата на СДСМ ќе се спроведат суштински реформи во одбраната.