Министерство за здравство: Внимателно изложување на повисоките температури
Министерството за здравство препорача да се внимава со изложување на најавените високи температури кои, како што соопшти, може да имаат последици по здравјето кај некои лица.
- Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на онаа во летните месеци и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица. Воедно, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, соопшти Министерството за здравство.
Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре се очекуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината на подрачјето на целата држава, освен во преспанско-охридскиот и во осоговско-малешевскиот регион, каде температурите се вообичаени за овој период.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација