Македонија
13. May 2017 - 13:59

Министерство за здравство: Внимателно изложување на повисоките температури

Министерството за здравство препорача да се внимава со изложување на најавените високи температури кои, како што соопшти, може да имаат последици по здравјето кај некои лица.

- Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на онаа во летните месеци и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица. Воедно, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, соопшти Министерството за  здравство.

Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре се очекуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината на подрачјето на целата држава, освен во преспанско-охридскиот и во осоговско-малешевскиот регион, каде температурите се вообичаени за овој период.