Министерство за здравство: Трите починати бебиња се од високоризични бремености
Трите починати новороденчиња од 21 септември на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје биле од високоризични бремености завршени со предвремено породување и имале ниска родилна тежина, утврдила стручна комисија. Министерството за здравство соопшти дека сите овие ризик-фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет.
- Врз основа на разгледаната медицинска документација и разговорите со здравствените работници од страна на Комисијата се констатира дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи, соодветен третман пред породувањето, правилна индикација за оперативно завршување на предвремено започнато породување, запазени анестезиолошки процедури, успешно спроведена примарна стабилизација на новородените, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија, се наведува во соопштението.
Минатиот четврток на Клиниката за гинекологија и акушерство починаа три новороденчиња - две машки и едно женско. Едното машко новороденче е родено со екстремно мала тежина, женското новороденче е од мајка која имала хипертензија и инфекција, додека второто машко новороденче е од ризична бременост.
Во соопштението се додава дека Министерството за здравство во моментот е фокусирано на изготвување посебна стратегија со дефинирање конкретни мерки и активности за унапредување на гинеколошката здравствена заштита на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во сите породилишта во државата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција