Министерство за транспорт: Обид за политизирање на штрајкот во МЖ Транспорт
Министерството за транспорт и врски смета дека постои обид за политизирање на штрајкот во МЖ „Транспорт“ и истакнува дека во соработка со компанијата во континуитет ја решава состојбата со планот за исплата на платите.
Планот, според соопштението од Министерството, е економски оправдан и рационален и прифатен од сите сидикати кои учествувале во преговорите.
Врз основа на постигнатиот договорот меѓу министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на МЖ Транспорт АД, Никола Костов и синдикатите кои се вклучија во преговорите, по исплатените во целост плати за јуни и за јули во износ од по 43 милиони денари денеска е исплатена половина плата за август во износ од 22 милиони денари, соопшти попладнево Министерството за транспорт и врски.
Исплатен е и надомест за изминат километар во износ од 5 милиони денари, награда за професионална извршена работа на 36 вработени во вкупен износ од 510 илјади денари. Притоа решен е проблемот и со здравственото осигурување, а идната недела вработените ќе ја земат и другата половина од платата за август која е договорена според планот за исплата, а е барање на сидникатите што преговараа. Мораме да истакнеме дека платите што доцнеа се исплатени и пред договорените рокови, односно во еден месец исплатени се над 114 милиони денари, се вели во соопштението.
Сметаме, истакнуваат од Министерството, дека постои обид за политизирање на штрајкот од одредени структури, што, како што наведуваат во соопштението, е неодговорен однос кон сите вработени во Железницата.
- Мора да истакнеме дека синдикатот кој штрајкува незаконски уште од самиот почеток, нанесува огромни штети во Железницата. Мораме уште еднаш да истакнеме дека најголема заслуга во надминување на состојбата во Железница имаат вработените кои со својот професионален однос не подлегнаа на заканите и притисоците на синдикат кој моментално штрајкува, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово